Куманово ќе биде домаќин на спортската манифестација ”Гимназијада “

Сподели со своите пријатели

Десеттата спортска Гимназијада, традиционална манифестација за учениците од средните училишта, следната година ќе се одржи во Куманово, соопшти вчера претседателот на Општинскиот Сојуз на спортови на Куманово, Сашо Петрушевски на редовната 43 – та седница на Советот на Општина Куманово.

Loading...

Според плановите, познатата Гимназијада ќе се одржи во април или мај 2016, со целосно прифатена програма од страна на Општинскиот Сојуз на спортови на Куманово.

  • Што се однесува до училишниот спорт, во Куманово ќе се одржи републичко натпреварување ”Гимназијада” и мислам дека ќе биде извонредно организирана, со сите позитивни параметри како уште еднаш ќе докажеме дека Куманово е спортски град. Во тек се координациите за сите активности и се надевам на добра организација од наша страна, истакна Петрушевски.

На минатогодишната ”Гимназијада” што се одржа во Охрид, педесетина средношколци од гимназијата „Гоце Делчев“ и од средното училиште „Перо Наков“ од Куманово, предводени од пет професори по физичка култура во улога на тренери и ментори, учествуваа на најголемиот спортски настан за ученици-средношколци и  освоија: футсал мажи – 2. место, футсал жени – 2. место, ракомет жени – 2. место и кошарка мажи – 3. место.

Во атлетика кумановските средношколци предводени од менторот, тренерот Горан Димитријевиќ, исто така постигнаа одлични резултати во штафетата 4х400 метри, во скок во далечина, скок во височина и во трките на 100 и на 400 метри.

Учениците добија 12 медали и тоа три златни, седум сребрени и две бронзени.