ГИ ИМА САМО 12 ВО СВЕТОТ: Виенска зоолошка успеа да одгледа редок вид змија

Сподели со своите пријатели

На виенска зоолошка градина „Тиргартен Шенбрун“ му пошло од рака да одгледува најредок вид на дива змија во светот.

Природното живеалиште на питонот, чие латинско име е Morelia carinata, е во зафрлените подрачја на Кибмерли во Западна Австралија, каде досега се забележани само 12 примероци од овој вид.

Питон зграпчи куче и започна да го гуши, мештаните го спасија со голи раце (ВИДЕО)

Loading...

Поради тоа овој вид на змија се смета за еден од најретките во светот, а ниту една друга змија нема толку тесно подрачје на распространетост, пренесува Фена.

Се наведува дека одгледувањето на овој питон досега успеал само на неколкумина приватни одгледувачи од Австралија и австралискиот парк на рептили во рамките на проектот за заштита на видовите.

 

 

Виенската „Тиргартен Шенбрун“ е првата Зоолошка градина надвор од Австралија кому му успеало да одгледува ваков вид на редок вид змија.

Питонот Morelia carinata може да нарасте максимално два метри, но досега се уште не е истражен доволно.

– Минатата година нашата женка по прв пат положи јајца, но од нив за жал не излегоа млади. Во април годинава повторно откривме осум јајца кои отпрвин ги загревавме во инкубатор на 31 степен, а подоцна на пониски температури. По 60 дена сите осум младенчиња се изведоа, а тоа нас многу не радува, велат од виенската зоолошка градина.

Leave a Reply