Германската железница планира да вработи 21.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Германскиот железнички оператор „Дојче Бан“ објави дека има намера да вработи најмалку 21.000 работници оваа година, вклучувајќи 5.200 специјализанти.

Loading...

Државната компанија бара околу 770 диспечери, 740 машиновозачи и околу 740 техничари, изјави за Билд портпаролот на Дојче Бан.

„Забележуваме дека конкуренцијата на пазарот на трудот се интензивира, па ќе обучиме и квалификуваме уште повеќе луѓе“, рече членот на управниот одбор на Дојче бан, Мартин Зајлер.

Портпаролот на компанијата ги потврди бројките за ДПА.

„Дојче бан“ минатата година вработи 22.000 работници, но секоја година губи по неколку илјади, најмногу поради пензионирање.

Компанијата има потреба од околу 2.000 нови машиновозачи на локомотиви годишно, велат тие.

Бројот на вработени во Deutsche Bahn во Германија се зголеми за 2.000 минатата година, откако се зголеми за 5.000 во 2020 година.

Само во Германија, групацијата вработува околу 220.000 работници.

Loading...