Германската влада бара од Москва да му пружи медицинска помош на Навални

Сподели со своите пријатели

Русија треба веднаш да му пружи медицинска помош на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор две години и чие здравје е влошено, соопшти германската влада.

Loading...

„Со голема загриженост добивме информации за критичната здравствена состојба на Алексеј Навални“, изјави за новинарите портпаролката на германската влада Кристијане Хофман.

Според неа, тоа што му се случува на Навални може да им се случи на сите оние во Русија кои го креваат својот глас против владата на претседателот Владимир Путин.

Навални во средата рече дека има симптоми на грип и дека му била одбиена соодветна медицинска помош.