Германската полиција уби зебра која предизвика сообраќајка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Зебра што избега од циркус во Германија и предизвика сообраќајна незгода на автопат мораше да биде убиена, соопшти полицијата.

Loading...

Полицијата од северниот град Росток соопшти дека избеганото животно направило сообраќаен метеж, оштетило автомобили и предизвикала автопатска несреќа пред да биде застрелана.

Според Би-Би-Си фатена е уште една избегана зебра.

Не се објавени детали, ниту како двете животни го напуштиле циркусот.

Во подоцнежната изјава се вели дека никој не е повреден во судирот, што се случил кога автомобил за да ја избегне зебрата нагло заколил и во него удрил друг автомобил.

Leave a Reply