Германија трие раце поради масовните отпуштања на програмери во САД

Сподели со своите пријатели

Соочени со тесниот пазар на труд и недостиг од работници со клучни вештини за софтверско инженерство, некои германски компании гледаат на илјадниците отпуштања во Силиконската долина како можност да ангажираат врвни таленти.

Loading...

Западниот брег на САД отсекогаш бил главна дестинација за аспиранти софтверски инженери кои сакаат да работат во најплатената, најелитната област на професијата, но масовните отпуштања создадоа базен на баратели на работа што Германија сака да ги искористи.

„Тие отпуштаат, ние вработуваме“, рече Рајнер Зугехуер, главен директор за човечки ресурси во Кариад, софтверска филијала на Фолксваген.

„Имаме неколку стотици отворени позиции во САД, Европа и Кина“, додава Цугехуер.

Исплашени од инфлацијата и изгледите за рецесија, матичната компанија на Гугл, Алфабет, Мајкрософт и Мета најавија укинување на речиси 40.000 работни места.

Иако и Германија е на работ на рецесија, нејзините компании побавно растат во последниве години, а во земјата „позната“ по тоа што сè уште води бизнис преку факс, треба да се направат огромни технолошки скокови.

Германија, со една од најстарите популации во светот, има „дупки“ на пазарот на труд – според ИТ-индустриската групација Битком, 137.000 ИТ работни места се непополнети.

Олеснување на правилата за имиграција

Владата ги поедноставува правилата за имиграција за да привлече квалификувани потенцијални имигранти.

Loading...

„Би сакала срдечно да ве поканам да се преселите во Баварија“, напиша Џудит Герлах, министерка за дигитализација во најбогатиот регион во Германија, на LinkedIn во објавата упатена до неодамна отпуштените работници во САД.

Со паритет на еврото со доларот, малку европски компании нудат плати кои можат да се натпреваруваат со стотиците илјади долари што ги нудат најуспешните компании во Калифорнија, но некои се надеваат дека ќе помогнат поевтината здравствена заштита и помалите трошоци во споредба со Сан Франциско.

„Дали го спомнав Oктоберфест“

„И дали го спомнав Октоберфест“, праша Герлахова и додаде дека познатиот фестивал на пивото во Минхен со силна заштита на трудот може да се покаже атрактивен за новите вработени.

Некои се скептични, а Бернхард Роледер од Битком истакна дека Германија се натпреварува не само со другите земји за најталентираните, туку и со матичните земји на потенцијалните регрути.

Германската бирократија би можела да биде уште еден предизвик: компаниите веќе пријавуваат повеќемесечни одложувања во обезбедувањето состаноци за нови вработувања за да добијат работни дозволи.

„Бирократијата во Германија е крајно осакатувачка за повеќето висококвалификувани работници кога првпат ќе се сретнат со неа, особено ако не зборуваат германски“, рече Дијана Столер од берлинскиот стартап Landis.