Германија со нова забрана за Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Германската антимонополска комисија денеска му забрани на Фејсбук да ги комбинира личните податоци на корисниците од повеќе различни извори.

Loading...

Комисијата соопшти дека корисниците на Фејсбук можат да ја користат социјалната мрежа само под услов Фејсбук да може да собира нивни податоци „на интернет надвор од нивниот сајт или на апликации за мобилни телефони и тие податоци да ги приклучуваат на профилот на корисникот. Тоа вклучува и податоци од сервиси во сопственост на компанијата како што се Инстаграм и Ватцап како и трети сајтови.

Претседателот на комисијата Андреас Мунт рекол дека одлуката значи оти Фејсбук повеќе нема да има дозвола да ги присилува корисниците да се сложат на практично неограничено собирање или приклучување податоци неповрзани со Фејсбук на нивните профили.

Фејсбук изрази несогласување со одлуката и најави жалба.

Leave a Reply