Германија овозможи регистрација на трет пол

Сподели со своите пријатели

Во Германија досега во матичните книги на родени во рубриката „пол“ можело да се запише „машки“ „женски“ или „без наводи“. Сега интерсексуалните личности во таа земја под поимот пол ќе можат да наведат и „различен“, пишува Дојче Веле.

Loading...

Како можност е наведена и дополнителна корекција, ако полот е погрешно впишан по раѓањето, како и промена на името. Сепак, за сетоа тоа потребно е првин да се достави лекарска потврдат дека кај лицето медицински е утврдена интерсексуалноста, односно дека се работи за лице кои има и машки и женски телесни обележја.

Законот е донесен во четврток со гласовите на владејачките демохристијанска и социјалдемократска партија во Бундестагот, со што практично парламентот изврши пресуда од Сојузниот уставен суд донесена оваа година.

Судот тогаш донесе заклучок дека обавезителното бирање помеѓу два пола претставува кршење на личните права на поединците и забрана за дискриминацијата, наведува ДВ.

Германската медиумска куќа соопшти и дека оваа одлука, поради своите одредби за усвојување на уписот под „различен“ со донесување на лекарската потврда, наишла на остра критика.

Пратениците на либералите и левицата сметаат, дека кај одлуката за пол, пред се би требало дасе ориентираат кон самоопределување и лична перцепција.

Здуржението на хомосексуални лица ЛСВД критикува тоа што интерсексуалноста во законот се сведува на телесни обележја, и истакнува дека впишување на пол како „различен“ мора да им се овозможи на сите „на кои тоа им е потребно или тоа го сакаат“.

https://www.instagram.com/p/BrZ8AUeFxd1/

Leave a Reply