Германија одобрила испраќање на најмалку 178 тенкови Леопард 1 во Украина

Сподели со своите пријатели

Германската влада планира да испорача значително повеќе тенкови Леопард 1 во Украина отколку што првично се очекуваше, јавува Анадолија.

Loading...

Весникот „Шпигел“ пренесува дека од германските индустриски магацини во Украина ќе бидат испорачани вкупно 178 тенкови Леопард 1.

Истиот извор пренесува дека германскиот Сојузен совет за безбедност веќе гласал за таа одлука.

Испораката на првиот контингент од овие тенкови се очекува во текот на оваа недела.

Поголемиот дел од него, сепак, веројатно нема да биде испорачан до 2024 година.

Се очекува германската влада наскоро да ја потврди оваа информација.

Германскиот канцелар Олаф Шолц пред две недели најави испорака на 14 модерни борбени тенкови Леопард 2.

Тие треба да и бидат предадени на украинската армија на крајот на март. Германија, исто така, овласти други земји да ги донираат овие тенкови од нивните залихи на Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.