Германија нема да ги укине руските туристички визи

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Берлин нема да поддржи неколку европски земји кои ги повикаа членките на ЕУ да престанат да издаваат туристички визи за руските граѓани.

Loading...

Земјите кои ја поддржуваат таквата забрана велат дека Русите не треба да можат да летуваат во Европа додека Москва е во војна во Украина.

Финска и Данска сакаат одлука на ЕУ, а некои земји од ЕУ кои граничат со Русија повеќе не им издаваат визи на Русите.

„Ова не е војна на рускиот народ. Тоа е војна на Путин и мораме да бидеме многу јасни за тоа“, рече Шолц, пренесува Бета-АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Тој на прес-конференција на маргините на еднодневниот состанок на петте нордиски лидери во Осло рече дека е важно да се разбере дека има многу луѓе кои бегаат од Русија бидејќи не се согласуваат со рускиот режим.

„Сите одлуки што ги носиме во рамките на ЕУ не треба да го отежнуваат одењето до слобода, напуштањето на земјата“, рече Шолц.

Прашањето за визите се очекува да биде покренато на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на 31 август.

Финската премиерка Сана Марин, која ја поддржува забраната, рече дека тоа е прашање за кое „треба да се разговара“.

Loading...

„Не е во прашање црно или бело, има нијанси“, рече таа на истата прес-конференција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ја продолжува соработката со палестинската агенција УНРВА

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.