Германија купи заменливи цевки за оштетениот Северен тек 2

Сподели со своите пријатели

Германската влада од конзорциумот „Северен тек 2“ купи заменливи цевки за оштетениот гасовод „Северен тек 2“, кој требаше да испорача руски гас во Германија и ќе ги искористи за изградба на инфраструктура до терминалот за течен природен гас (ЛНГ).

Loading...

Владата купи неколку илјади цевки за да ги замени оштетените делови од гасоводот и ќе ги користи за инфраструктура покрај идниот пловечки терминал, објави во понеделникот регионалниот весник Ostsee-Zeitung.

Портпаролката на Министерството за економија вчеравечер го потврди извештајот на Ostsee-Zeitung.

– Не можеме да дадеме информации за количината на цевките и трошоците бидејќи договорите се доверливи – соопштуваат од министерството.

Според информациите од владата на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, цевките за Северен тек 2 со вкупна должина од 60 километри се складирани во Засниц на островот Риген.

Од Министерството нагласија дека со продавачот Нордстрим 2 ги решиле сите прашања поврзани со санкциите.

Се анализираше и дали треба да се добијат документација, мерни податоци и стручни мислења за гасоводот.

Германија сака да изгради пловечки терминал за течен гас во близина на островот Риген во Балтичкото Море, кој треба да обезбеди снабдување со гас по прекинатите испораки од Русија.

Loading...

Гасоводот Северен тек 2 требаше да ги удвои испораките на руски гас и беше завршен кон крајот на 2021 година.

Германските власти постојано го одложуваа издавањето дозволи за почеток на работа, а проектот беше ставен во мирување откако руските трупи навлегоа во Украина.

Гасоводот е во сопственост на конзорциум со седиште во Швајцарија, чии членови се рускиот производител на гас „Газпром“ со 51 отсто од акциите и германските енергетски компании „Винтершал Деа“ и „Е.ОН“, француската „Енџи“ и холандската „Гасуние“.

Во септември минатата година, гасовод беше тешко оштетен во експлозија, чија причина сѐ уште не е соопштена.

Европските влади се сомневаа во саботажа, која стои зад „државен актер“. Данска, Норвешка, Германија и Шведска спроведоа истраги, но нивните резултати не се објавени.

Владата на пратеничко прашање во Бундестагот одговори дека не може да ги објави резултатите, повикувајќи се на националната безбедност, а и Шведска се приклучи.