Германија ќе ја обнови оштетената инфраструктура: Сојузната влада планира 200 милиони евра итна помош за поплавите

Сподели со своите пријатели

Германската влада има намера што побрзо да ја обнови инфраструктурата оштетена во смртоносните поплави на западот на земјата и се надева на финансиска поддршка од Фондот за солидарност на Европската унија, се вели во нацрт-владиниот документ.

Loading...

Додека трае потрагата по преживеани од минатонеделните катастрофални поплави што однесоа куќи и мостови, со најмалку 160 загинати лица, Германија почнува да ги брои финансиските штети на најголемата природна катастрофа во скоро 60 години.

Федералната влада планира да обезбеди 200 милиони евра за итна помош за поправка на згради, оштетена локална инфраструктура и помош на луѓето во кризни ситуации, се наведува во нацрт-документот што ќе и биде претставен на Владата во среда.

Ако 16 држави исто така придонесат со 200 милиони евра, вкупно 400 милиони евра ќе бидат достапни, се вели во документот.

Владата ќе се обрати до ЕУ за помош од фонд формиран за справување со последиците од природните катастрофи низ блокот, се додава во текстот.

Само два месеци пред федералните избори, владата на канцеларката Ангела Меркел сака да покаже дека прави се што е во нејзина моќ да ги обнови домовите и фабриките на луѓето во поплавените подрачја.

„Федералната влада ќе стори се што е потребно за да ја обнови инфраструктурата во сојузна сопственост што е можно поскоро“, се вели во нацрт-документот.

Справувањето со штетите и обновата на инфраструктурата ќе бара големи финансиски напори во следните години, се вели во текстот, додавајќи дека владата е подготвена да формира фонд за справување со последиците од „идните големи катастрофи што ќе влијаат на неколку региони“.

Loading...

Федералните држави би можеле да придонесат за таков фонд.

Leave a Reply