ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во Куманово

Сподели со своите пријатели

Еколошката акција „Генералка викенд“ во петок ќе се одржи на Градскиот кеј во Куманово со почеток во 09:00 часот под мотото „За чисто како дома исто“, а во рамки на проектот „Зелена сончева“.

Loading...

Станува збор за проект кој ќе го реализира „MAN AND MOUNTAIN LLC” – Австрија заедно со Oпштина Куманово и Секторот за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата, ЈП “Чистота и зеленило”- Куманово, припадници на АРМ, НВО „Кумановски акцијаши”.

Во проектот веќе учествуваат „Пакомак”, ЕВН, Делегација на ЕУ, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други организации и поединци.

– Еколошката акција ќе се спроведе на локација кај Градскиот кеј, при што ќе се мери тежината на собраниот отпад, кој претходно се складира во поставените станици за оваа намена на „Пакомак”. Дополнително со механизација и АРМ ќе се чисти и депонијата кај маркет „Туш”. За секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено дрво, создавајќи монументална шума „Сончева гора”, соопшти градоначалникот Максим Димитриевски.

Во акцијата можат да учествуваат сите граѓани на локација кај Градскиот кеј кои ќе придонесат во зачувувањето на животната околина и општина Куманово да стане „Општина на годината со најмногу совесни граѓани за животната средина“.

Никола Ивановски

Leave a Reply