Генерален пленум во гимназијата “Гоце Делчев”

Сподели со своите пријатели

Средношколскиот пленум од Куманово денес ќе одржи Генерален пленум од 12:15 часот во СОУ „Гоце Делчев“ .
Причината за Генералниот пленум е незадоволството од неефикасноста на системот за екстерно тестирање. Тестирањето започнало со два часа задоцнување, а одредени училишта имале само повремени падови на системот за време на тестирањето. Исто така имало и појава на технички грешки во вид на непојавување на прашања, непојавување на фотографии, двосмислени прашања, понудени одговори на прашања со исто значење, нелогични прашања и прашања кои ги нема во материјалот што е предвиден во тестирањето.