Гаспром: Гасот може да стигне до Европа преку Северен тек 2

Сподели со своите пријатели

Гасот престана да тече од три оштетувања на Северен тек, и може повторно да стигне до Европа преку преостанатата цевка Северен тек 2, објави денеска руски Газпром.

Loading...

Притисокот во трите цевки на гасоводот е стабилизиран, а ризикот за животната средина е намален, се наведува во соопштението за медиумите на рускиот производител на гас.

Гасот сепак може да стигне до Европа, додаваат тие.

Оштетување на Северен тек

На почетокот на минатата недела притисокот во двата гасоводи нагло падна и беше утврдено дека гасот истекува на Балтикот поради оштетувања на повеќе места.

Европа покрена истрага бидејќи постои сомневање за саботажа.

Во Северен тек 1 притисокот падна во двете цевки, а во Северен тек 2 само во една.

„Доколку се донесе одлука за започнување на испораките преку линијата „Б“ на Северен тек 2, природен гас ќе се пумпа во гасоводот откако надзорните органи ќе го проверат и потврдат интегритетот на системот“, наведуваат тие.

Северен тек 2 заврши на крајот на минатата година

Северен тек 1 беше во употреба до крајот на август, кога Русија ги прекина испораките поради, како што тврдеа, блокираната турбина што ја испратиле до Сименс енерџи на ремонт.

Loading...

Северен тек 2 беше завршен на крајот на минатата година, но не беше отворен бидејќи Германија го замрзна процесот на издавање на дозволата поради подготовките на Русија за инвазијата на Украина, забележува Ројтерс.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.