Гасот над 1.500 долари на отворањето на европската трговија

Сподели со своите пријатели

Цената на гасот на отворањето на денешната трговија во Европа се искачи над 1.500 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската платформа ICE.

Loading...

На холандскиот пазар ТТФ цената на гасот за испорака во мај (фјучерс договори) утринава изнесуваше 1.522 долари за илјада кубни метри, или 133 евра за мегават час по тековниот курс на еврото во однос на доларот, што е зголемување за 5,6 отсто од затворањето во четвртокот. пренесува агенцијата Тас с.

 

Одлуката на Путин стапува во сила денеска, ќе се согласи ли Европа да го плати гасот во рубљи?

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот потпиша декрет со кој наредува новите нарачки за гас од купувачите од „непријателските земји“ да се наплаќаат во рубли од 1 април.

Според одредбите на уредбата, таквите купувачи треба да отворат посебни сметки за плаќање на испораките во рубли во Гаспромбанк.