Гасни пиштоли и профисонална камера запленети од цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Два гасни пиштоли, шест чаури за гасен пиштол и една професионална камера биле запленети во текот на изминатата недела на Граничниот премин Табановце информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Во првиот случај два гасни пиштоли марка ES EKOL Jackal Dual Compact и 6 чаури за гасен пиштол марка Pobjeda 9 mm, откриени при контрола на швајцарски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Пиштолите и чаурите се пронајдени во кеса сместена во просторот за резервна гума на возилото и истите се привремено задржани. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Loading...

Gasni pistoili,Tabanovce

 

Во вториот случај запленета е една професионална ТВ камера SONY DXC-M3P, која била откриена при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Возачот пријавил дека со себе носи само стока што е заведена во АТА карнетот што го приложил на увид, но при извршената контрола, помеѓу седиштата бил пронајден куфер со ТВ камера која не била заведена во карнетот. Камерата е привремено задржана, а против возачот е поведена соодветна постапка.