Гаснење на пожар од перспектива на пожарникар (видео)

Сподели со своите пријатели

Благодарејќи на пожарникарите од Калифорнија кои пред неколку дена снимија своја интервенција, сега можеме да видиме и како изгледа кога се гасне пожар на лице место.

Loading...

Мислењата и импресиите од снимката постирана на Јутјуб се позитивни. Луѓето им се заблагодаруваат на херојскиот подвиг и на работата што тие ја извршуваат секој ден во име на општеството, и велат дека ова е најдобриот акционен филм на годината.

Доколку се запрашате зошто пожарникарите го отвараат кровот со моторна пила – се работи за постапка во која на огнот му се додава кислород, што звучи парадоксално, но на тој начи се спречува експлозија на плин до која доаѓа поради недостаток од кислород.