Гаши избран за претседател на БЕСА на конгресот во Тетово

Сподели со своите пријатели

Африм Гаши е избран за претседател на Движењето „БЕСА“ на денешниот конгрес што се одржа во Тетово. За него гласале 522 делегати, 12 биле против и осум воздржани од вкупно 575 делегати.

Гаши изјави дека БЕСА отсега ќе биде партија не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права коишто им следуваат.

Најави дека како претседател на БЕСА ќе се залага за петте точки од програмата на партијата, а тоа се евроатланската интеграција на земјата, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија за сите и за редефинирање на земјата.

За Биљал Касами рече дека нивните патишта се веќе одвоени и оти без разлика на тоа каква одлука ќе донесе судот, борбата за барање на правадата, ќе продолжи до крај.

На конгресот беше избран и Совет за опсервација на партијата и Централен совет како највисок орган на партијата меѓу два конгреса.

На денешниот прв конгрес на БЕСА присуствуваа и претседателот на ДПА Мендух Тачи, Елми Азири од Алијанса на Албанците, претставници на Турската Демократска Партија и претставници на дипломатскиот кор. /МИА

Leave a Reply