Гардероба заврши кај цариниците на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 37 пара женски панталони и 78 парчиња женски блузи биле откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, информираат од Царинската управа на РСМ.

Loading...

Како што појаснуваат од Управата, непријавената облека, била пронајдена на креветот покриена со ќебе и во полиците над контролната табла од возачката кабина, и истата била привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Leave a Reply