Фудбалски судија претепан во Куманово

Сподели со своите пријатели

Главен судија на фудбалски натпревар кој вчера се играл во Куманово, бил физички нападнат на полувреме оид неколку лица.

Loading...

– Вчера во 16.00 часот во СВР Куманово, Х.Б.(25) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на фудбалски стадион „Башкими“, на полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Башкими“ од Куманово и ФК „Њустарс“ од Скопје, каде што бил делегиран за главен судија, бил физички нападнат од повеќе лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, по завршување на првото полувреме, кога тој и судиите помошници влегле во просториите на соблекувалната, до него се доближило едно повозрасно лице и му се заканувало, по што физички го нападнало, а во нападот се приклучиле и други лица.

По добиена пријава на местото на настанот дошле полициски службеници и Х.Б. и другите судии излегле од стадионот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply