ФТ: Нема да има брз пат до членството на Украина во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Брисел нема да вети дека ќе го забрза процесот за приклучување на Украина кон Европската унија на самитот во Киев на кој ќе се разговара за членството на Украина во ЕУ, пишува британскиот магазин Фајненшл тајмс.

Loading...

Раководството на Европската унија не треба да ѝ дава лажни надежи на Украина дека ќе стане членка во наредните години, наведува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на изјавите на дипломатите на земјите-членки на ЕУ во Брисел, пренесува ТАСС.

Според извори на кои се повикува Фајненшл тајмс, изјавите на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и неговите колеги за потребата од што поскоро финализирање на пристапувањето на Украина доведоа до нереални очекувања во Киев.

„Тој јаз меѓу ветувањето и реалноста расте веќе некое време. И доаѓаме до точка каде што е премногу широк“, рече еден европски дипломат, цитиран од Фајненшл тајмс.

Друг рече дека „постои ризик од судир на реториката со реалноста“.

„Нема да има брз начин за членство на Украина во ЕУ“, додаде тој.

„Земјите од ЕУ ќе се согласат дека Украина измина долг пат, постигнувајќи сериозен напредок во реформите, но нема да има ветувања за забрзано членство“, изјави за ТАСС извор од европската делегација на самитот.

Според изворот, голем број источноевропски земји се за забрзување на пристапниот процес на Украина.

Loading...

„Некои земји, пред се источноевропските, инсистираат на Украина да и биде ветено забрзано членство во толку тешко време. Но, не сите земји го делат ова гледиште. Особено големите земји-членки веруваат дека не треба да се даваат празни ветувања на Киев. ” тој додаде.

Украинскиот премиер Денис Шмигал минатата недела изјави дека владата на земјата очекува да стане членка на ЕУ за помалку од две години по почетокот на пристапните преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека преговорите за пристапување на Украина во ЕУ треба да започнат веќе оваа година.

На 23 јуни 2022 година, шефовите на држави и влади на ЕУ одлучија на Украина и на Молдавија да им дадат статус на кандидати за членство во ЕУ.

Сè уште не е одредена временската рамка за почеток на пристапните преговори.

Брисел посочи дека владата во Киев има уште многу работа, која мора да спроведе важни реформи.

ЕУ исто така соопшти дека Украина може да се приклучи на европската заедница само откако ќе заврши конфликтот на нејзина територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...