Фрлила компјутер во ѓубре вреден 200.000 долари

Сподели со своите пријатели

Една жена од Калифорнија во својата галерија пронашла стар компјутер кој го фрлила во ѓубре, мислејќи дека е безвреден.

Loading...

Меѓутоа, во прашање е Apple-1 компјутер, кој е дел од историјата и за многуте еден од најтражени антиквитети.

Тој е еден од изворните компјутери кои во април 1976 година ги проектирале и изградиле Стив Возниак, Стив Џобс и Роб Вејн. Станува збор за еден од први компјутери кој го има произведено Apple, а кој е произведен само во 200 примерка.

Како што пишуваат американските медиуми, жената ја чистела куќата откако нејзиниот маж умрел. Но, кога стигнал компјутерот во фирмата за рециклирање CleanBayArea, некој од вработените приметил дека станува збор за Apple компјутер.

Компјутерот завршил на јавна аукција како е продаден на приватен колекционер во износ од 200.000 долари. Оваа фирма сега сака да ги подели парите со жената која сеуште пробува да ја пронајде и да и даде половина од вкупниот износ.

Директорот на фирмата Виктор Гичу вели дека ќе ја препознае жената доколку повторно ја види, но единсвено знае дека таа вози SUV и нема други познати податоци за неа.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *