Фрлал пари од зграда во Хонконг, па го привела полицијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Момче од Хонг Конг е приведено во сиромашниот кварт на градот поради сомнение дека фрлал пари од зграда, со што предзивикал хаос на околните улици.

Loading...

Полицијата го сомничи Вонг Чинг Кит дека е организатор на инцидентот за време на кој банкноти од 100 хонгконгшки долари (11 евра) летале од зградата по што е направен хаос меѓу минувачите кои се нашле во квартот Шам Шуи По кои секако трчале да соберат што повеќе пари.

Вонг е приведен во недела, ден подоцна, кога во полиција пристигнале повеќе пријави за тоа како момче дели банкноти од 500 хонгконгшки долари (околу 55 евра).

Како што јавуваат тамошните медиуми, 24-годишниот Вонг најавил на Фејсбук дека на постарите сограѓани ќе им дели „купони“ за храна во близина на зградата од која фрлал пари.

Момчето пристигнало со „Ламбурџини“ до еден ресторан во населбата нешто пред 16 часот. Група луѓе кои биле известени го поздравиле Вонг, фалејќи го и поддржувајќи ја неговата одлука да им помогне на сограѓаните.

Набргу пристигнала и полицијата и акцијата за делње „купони“ била прекината. Вонг бил приведен, а неговиот автомобил и стан биле претресени.

Понатамошната истрага ќе покаже дали има основи за казна која може да изнесува и до 5.000 долари (550 евра) и до 12 месеци затвор.

Вонг Чинг Кит е познат и како „Coin Young Master“ и наводно заработил прилична сума влегувајќи во биткоин светот.

Loading...

Leave a Reply