Француската министерка: Еве зошто Западот ја бомбардираше Сирија ноќва

Сподели со своите пријатели

САД, Франција и Велика Британија спроведоа напади во Сирија по неодамнешниот напад во Дума за кој западните земји тврдат дека го извеле сириските сили со хемиско оружје.

Трите земји од Западот во текот на ноќта бомбардираа три цели: „главениот истражувачки центар“ и „два центри за производство на тајна хемиска програма“ на сириските власти, изјави денес француската министерка за одбрана Флоранс Парли.

Според нејзините зборови, на тие локации се развивале капацитети за производство на хемиско оружје и тие места се погодени.

– Целта е едноставна, а тоа е спречување на режимот повторно да користи хемиско оружје, рекла министерката Парли и додала дека никој не бара конфронтација и ескалација на конфликтот.

Leave a Reply