Франција воведе нови мерки за туристите – казната е 1.500 евра

Сподели со своите пријатели

Поради зголемениот број новозаразени, Франција од денес ги заостри мерките, како за локалното население, така и за туристите.

Loading...

Само неколку дена откако Ајфеловата кула беше отворена за посетителите, пристигнуваат нови вести од Франција.

За влез во сите туристички атракции во главниот град на Франција – забавни паркови, концертни сали, музеи, кина, Ајфеловата кула – потребно е т.н. медицински пасош.

Овој документ содржи информации за вакцинација, инфекција во минатото или негативен коронарен тест.

За влегување во дискотеки и фестивали, таа мерка е веќе во сила.

Туристите мора да докажат целосна имунизација со потврда за влез во овие места, а негативниот тест не смее да биде постар од 48 часа.

Кој ќе ги прекрши овие мерки може да биде казнет со глоба до 1.500 евра.

Leave a Reply