Франција победи на детската Евровизија 2020

Сподели со своите пријатели

Претставничката на Франција, Валентина Тронел со песната „J’imagine“ („Си замислувам”), победи на меѓународниот натпревар за детска Песна на Евровизија 2020. Финалето се одржа вчера во Полска преку видео-конференциска врска.

Loading...

Според резултатите од гласањето на професионалното жири и публиката, песната доби 200 поени. Второто место го зазеде Казахстанката Каракат Башанова, а трет беше претставникот на Шпанија – Солеа.

Во финалето на натпреварот учествуваа млади таленти од 12 земји: Русија, Белорусија, Франција, Грузија, Казахстан, Малта, Холандија, Србија, Шпанија, Украина, Полска и Германија.

 

France ?? – Valentina from France performs J’imagine at Junior Eurovision 2020 – YouTube

 

Слободан Иванов

Leave a Reply