Франција наскоро би можела да забрани објавување фотографии од деца на интернет

Сподели со своите пријатели

Иако тие се меѓу најуспешните креатори на содржини, на родителите инфлуенсери наскоро може да им биде забрането да ги користат социјалните мрежи во Франција.

Loading...

Политичарите во таа земја поднесоа нов предлог-закон кој ќе ги спречи родителите да објавуваат фотографии и видеа од своите деца, пишува Тајмс.

Водачот на кампањата против објавување фотографии од деца на интернет го опиша чинот како форма на онлајн злоупотреба.

 

 

„Оваа практика претставува дигитално насилство“, смета Томас Ромер од Опсерваторијата за родителство и дигитално образование.

Истражувањето спроведено од Опсерваторијата и цитирано од „Тајмс“ покажа дека повеќе од половина од француските родители објавувале слики од своите деца на Инстаграм и ТикТок, а 90 отсто го правеле тоа кога нивните деца биле помали од пет години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Според истражувањето, фотографијата на просечното дете е објавена на социјалните мрежи 1.300 пати додека тие наполнат 13 години.

Бруно Студер од партијата на претседателот Емануел Макрон го поднесе предлог-законот како одговор на загриженоста поради постојаното објавување фотографии и видеа на мали деца и трендовите во кои тие се понижуваат и исмејуваат заради лајкови.

Ова вклучува видеа како оние каде родителите им фрлаат парчиња сирење во лицето на своите бебиња и ги снимаат нивните реакции.

Во својот предлог-закон, Студер истакнува дека половина од сите фотографии кои се разменуваат на форумите за педофили се фотографии кои семејствата ги објавиле на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

 

person holding black samsung android smartphone

 

Државниот секретар Шарлот Каубел го поддржа нацрт-законот, кој се очекува да помине првото читање оваа недела, велејќи: „Ова е за оние кои ги користат децата за да заработат пари или да го подобрат својот имиџ“.

Loading...

Доколку законот биде усвоен, тој ќе им овозможи на судиите на семејниот суд да им го одземат правото на родителите да објавуваат фотографии и видеа од нивните деца, пишува Тајмс.

Во предлог-законот се наведува дека „детето треба да биде вклучено во секоја одлука за споделување на неговата слика на интернет, според возраста и степенот на зрелост“.