Фотографијата на овој пар го збуни интернетот: Можете ли да сфатите кој каде седи?

Сподели со своите пријатели

Млад пар од Лондон сподели фотографии од својот нов кауч на социјалните мрежи. Тие случајно направиле оптичка илузија што прави да изгледа како да ги замениле телата.

Loading...

– Го порачавме тој кауч уште во септември и едвај чекавме да пристигне. Кога конечно го добивме, решивме да се фотографираме на него и да ја споделиме на Инстаграм, рече Кели.

 

 

Кога ги прегледала фотографиите пред објавувањето, и самата прво се збунила од она што го видела.

„Отпрвин воопшто не верував дека таа слика е реална затоа што мислев дека ваквите оптички илузии се претежно фотомонтажи“, вели Кели.

Момчето на Келиен, Сем, бил воодушевен од фотографијата.

Loading...

„Таа фотографија е вистинска реткост. Тоа е исто како да гледате еднорог! ‘- вели Сем.

 

 

Нивната објава на Инстаграм набрзо собра повеќе од илјада лајкови, а нејзините пријатели исто така коментираат дека не е јасно што виделе на сликата.

„Мислам дека ова е нашиот најголем успех во карантин. Можеби дури и во животот, се пошегува Кели.

Leave a Reply