Фотографија на балкански рис снимена во Националниот парк „Галичица“

Сподели со своите пријатели

Млада единка на загрозениот вид балкански рис е фотографирана на специјално поставените фотографски апарати наменети за следење на активностите на срните во Националниот парк „Галичица“.

Loading...

Станува збор за мошне убава и јасна фотографија на млад примерок на рисот, што се помалку го има во нашите шуми.

Андон Бојаџи, раководителот на Одделението за заштита на природата од НП „Галичица“, појаснува дека изминатите 18 месеци специјалните сензор камери имаат направено повеќе фотографии на единки на балканскиот рис и тоа на повеќе локации, но оти таквите податоци не се доволни за да се утврди нивната популација и бројност, пишува курир.