Фото-кино клуб „Козјак” ги објави добитниците на награди за фестивалот ФИЛМАЈ

Сподели со своите пријатели

Фото-кино клуб „Козјак” – Куманово на 2 мај 2022 ги објави добитниците на награди од конкурсот за ФИЛМАЈ фестивал на кратoк филм 2022 – Куманово.

Loading...

Трочленото жири во состав: Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“) одлучи да ги додели следниве награди:

– награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија оди кај Самир Карахода за режирање на филмот ‘Изместено’ (Косово).

– награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија оди кај Владимир Самоиловски за неговата работа во филмот `Северен Пол` (Р С Македонија).

– награда „Козјак“ за најдобро сценарио се доделува на Фотис Зампетакис за филмот `Ангелос на Божиќ` (Грција).

– награда за најдобар домашен (македонски) филм се доделува на `Обичната Ели` (режија: Лавинија Софрониевска).

Новосоздадена „ФИЛМАЈ` награда за најдобар краток филм се доделува na „Самa“ (Хрватска, во режија на Борна Зидариќ), според заедничка одлука на членови на фото-кино клуб `Козјак` – Куманово.

Дополнително ќе биде објавена цела листа со официјално селектирани филмови кои ќе се прикажат на фестивалската вечер предвидена за 2 јуни 2022.

Loading...

Интегрално соопштение