Форумот на жени на СДСМ Куманово со пораки против родово базирано насилство

Сподели со своите пријатели

Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз од Куманово денеска на градскиот плоштад упати пораки против родово базираното насилство, како де од 13те дена активизам по овој повод.

Loading...

Како што рече Соња Тодоровска од Форумот на жени, цврсто и одлучно стојат против родово базираното насилство.

– Сите заедно велиме „Не за родово базирано насилство. Не за психичко, физичко или сексуално насилство за жени и девојчиња“. Преку портокаловата боја, преку нашите пораки сакаме да испратиме охрабрување и поттик до сите жени жртви на било какво насилство да се охрабрат, да го препознаат и да го пријават насилсникот. Насилникот мора да биде казнет, изјави Тодоровска.

Претходно во рамките на 13те дена активизам беше одржана и трибината под наслов „Нема оправдување за родово базирано насилство“.

Leave a Reply