Физичка пресметка во Центарот за социјална работа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Физичка пресметка вчера се случила во просториите на Центарот за социјална работа во Куманово, но не е јасно кој кого нападнал, бидејќи и двајцата учесници поднеле пријави еден против друг.

Loading...

– На 30.11.2020 во 11.05 часот вработена во Центар за социјални работи Куманово пријавила дека едно лице физички го нападнало В.Н.(40), вработен во Центарот. Во 11.30 часот, од страна на Б.Б.(57) од с.Романовце било пријавено дека околу 11.00 часот во простории на Центарот за социјални работи во Куманово бил физички нападнат од лице вработено во Центарот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По преземени мерки, обавен е разговор со Б.Б. и В.Н. и изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

Никола Ивановски

Leave a Reply