Фирми од Липково ќе одговараат за даночно затајување

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.И.(52) од село Липково и ДППУ „ИБРОКОМЕРЦ 21” ДОО извоз-увоз – општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, како управител на правното лице, во годишна даночна пријава за 2015 година навел лажни податоци за остварената добивка, односно ја намалил добивката на второпријавеното правно лице за 5.179.196 денари.

Првопријавениот, дополнително ја намалил добивката на второпријавеното правно лице преку плаќање на школарина за лица кои не биле вработени во истото, за износ од 1.261.200 денари. Со ова првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 782.101 денари на штета на Буџетот на Република Македонија.

Leave a Reply