Финалето на шоуто ”Ѕвездите на Гранд” ќе се одржи во Скопје

Сподели со своите пријатели

Директорот на најголемата српска продукција „Гранд“, Саша Поповиќ одлучил супер финалето од десеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ да се одржува на градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје.

Loading...

Со својот неверојатен талент за пеење, харизмата, и ѕвездата што ја носат во себе, Ален Хасановиќ и Филип Божиновски се најголемите македонски амбасадори во регионот. Тие ја промовираат својата земја и нескромно ги канат своите пријатели од регионот да дојдат и да ја посетат оваа прекрасна земја која нуди одлична можност за одмор.

Токму поради овие двајца млади, но многу талентирани пејачи, директорот Саша Поповиќ одлучил супер финалето да биде во Скопје, а на сцената покрај големите ѕвезди од шесточленото жири, доаѓаат и Лепа Брена, но и многу други големи регионални ѕвезди кои ќе ја кренат атмосферата на максимум.

Како потсетување, првата награда во супер финалето е ексклузивен стан во Белград, втората “утешна“ – бесен автомобил, а сите 10 супер финалисти добиваат песна од „Гранд“ продукција.

Пријателите на Ален Хасановиќ и Филип Божиновски имаат една заедничка цел, клучевите од станот да паднат во рака на македонски натпреварувач.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.