ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ: Ја блокирале улицата со 25 возила па со маски за скијање ограбиле продавница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Десетици разбојници со скијачки маски упаднале во самопослуга недалеку од американскиот град Сан Франциско.

Loading...

Билансот на брзиот грабеж се  тројца полесно повредени работници и двајца уапсени крадци.

Портпаролот на полицискиот оддел на Волнут Крик, калифорниски град кој припаѓа на заливот Сан Франциско, изјави за NBC News дека околу 80 луѓе учествувале во грабежот на продавницата на синџирот „Нордстром“.

Полицијата досега уапсила двајца.

Според очевидци, грабежот не траел повеќе од една минута, а осомничените дошле на лице место со 25 автомобили, блокирајќи ја улицата за време на инцидентот.

Еден работник во продавница бил испрскан со бибер – спреј, а двајца биле удирани со тупаници и клоци.

Кај сите тројца биле констатирани полесни повреди, па немало потреба од хоспитализација.

Според портпаролот на локалната полиција, одземена е неутврдена количина на стока.

Loading...