Филмот „Џган“ премиерно во НУЦК „Трајко Прокопиев“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од Дом на деца без родители. Заедно тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел болка и страдања, е само дел од она што филмот „Џган“ го прикажува.

Истиот премиерно во Куманово ќе биде проектиран во петок во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а станува збор за дебитантски филм на режисерот Вардан Тозија.

Како актери настапуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, како и Сара Климовска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски,Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска и други.

Проекцијата ќе зпочне во 19 часот, а билетите можете да ги набавите на билетарата на НУЦК „Трајко Прокопиев“.