Филипче со грчкиот колега денеска ќе го договора протоколот за патување

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе одржи средба со грчкиот колега на кој главна тема ќе биде начинот на патување во периодот кој следува.

Loading...

Како што рече министерот многу е важно да има координиран пристап за транзит, посети, здравствени проколи кои ќе обезбедат брзо и безбедно патување во текот на летото.

Европската унија вчера излезе со пакет мерки за патување во рамки на унијата, каде се препорачува ваков координиран пристап, согласно препораките на Комисијата за заразни болести ги започнува регионалните состаноци за балканскиот регион, денеска ќе бидам на состанок со министерот за здравство на Грција, изјави министерот Филипче.

На средбата ќе се разменат и искуства за досегашната борба со вирусот, како и за следниот период кога се очекуваат нови пикови, координација во однос на отворањето на границите и отворањето на аеродромите имајќи предвид дека за отворањето на границите нашата земја повторно ќе го отвори кордиорот север-југ, кој е оптеретен во летните месеци.

– Вчера ги регистриравме реакциите на јавноста да се дозволи посета на функционери на соседните земји, воопшто не станува збор за ништо друго освен организирани состаноци со причина да се координираат овие активности за олабауввање на мерките, а за што треба регионален пристап. Сите тие посети се со протоколот кој го донесе Комисијата за заразни болести, не станува збор да се дозволи на било кој функционер да може да патува, туку само за вакви состаноци, затоа што се најавени средби за ваков повод, изјави Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply