Филипче поднесе оставка!

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка од функцијата, а информацијата вечерва ја соопшто на вонредна прес конференција од Владата.

Loading...

– Пред година и пол го регистриравме првиот ковид случај го паметам тој ден имавме две прес конференции од оваа иста говорница, од тој ден секогаш стоев отворено и транспарентно соопштувајчи ги добрите и лоши вести. Никогаш не бегав од критика, не должев одговор. Сите одлуки кои ги донесовме беа со една единствена цле да се заштити здравјето на грааните. Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, жалам за загинатите, сочувствувам со семејствата, нема зборови тоа да се опише и да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет и од морални причини понудив оставка од премиерот Зоран Заев, рече Филипче.

Пред Филипче оставки дадоа двајцата раководители на тетовската болница, директорот Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми, но и заменик министерот за здравство Илир Хасани.

Сите тројца, како што наведоа оставка даваат од морални причини по несреќата од тетовската ковид болница каде во пожар животот го загубија 15 лица.

Кобниот пожар избувна во среда околу 21 часот, и до утредента до 17:30 никој од раководството во државата не излезе да даде изјава пред јавноста. Тогаш на прес се појави Филипче и соопшти штури информации за тоа што се случило, но и рече дека ќе почека да заврши истрагата па тогаш ќе одлучи дали ќе даде оставка.

Единствен кој утрината го посети Тетово и се обрати до граѓаните беше претседателот Стево Пендаровски.

Никој друг од државниот врв или министрите нема дадено изјава од кобната несреќа, сите комуникации со медиумите се одвиваат преку ПР соопштенија.

Никола Ивановски

Loading...