Филипче: Очекуваме ситуацијата да се стабилизира

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во следниот период да продолжува да се стабилизира, е очекувањето на министерот за здравство Венко Филипче, кој по утринскиот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите, рече и дека очекува да се олесни работата на здравствените работници.

Loading...

– На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Leave a Reply