Филипче: Нема да има нови рестрикции, бидејќи нема да дадат ефект

Сподели со своите пријатели

Нови рестриктивни мерки најверојатно нема да има, вели министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи како што вели тоа не би дало ефект.

Loading...

Комисијата за заразни болести во секој момент треба да започне со денешниот состанок, но најверојатно нема да препорача нови мерки.

Вирусот, како што вели министерот, е широко распространет.

– Мислам дека нема да има нови мерки. Зошто? И на утринската комуникација што ја имавме телефонски беше констатирано дека сепак никаква дополнителна рестрикција од она што е сега не може да даде дополнителен ефект. Зошто е тоа така? Гледаме што се случува во многу други земји и во земји каде имаше поголеми рестрикции од нашата сега имаше исто така силен бран. Понатаму привремени одлуки за карантин од неколку дена не дадоа никакво ефект. Тоа оди во прилог на тезата дека кога има широко распространета локална трансмисија единствено што треба да се прави е да се почитуваат сегашните мерки, изјави Филипче пред почетокот на состанокот.

Вчера Министерството за здравство соопшти дека вирусот е широко распространет низ целата држава, а слободни болнички легла има, па затоа нема потреба од нови мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply