Филип Наковски со трето место од светскиот „Wako“ куп (фото)

Сподели со своите пријатели

Бронзен медал во Куманово донесе членот на кик-бокс клубот Куманово, Филип Наковски од Светскиот Wako кик бокс куп кој изминатиот викенд се одржа во Римини, Италија, каде учествуваат над илјада натпреварувачи од триесетина држави.

 

Loading...

 

Наковски кој се натпреваруваше во дисциплината К1, односно категорија до 86 килограми во полуфиналето успеа да се избори против Аркадуш Каруба од Полска.

Не сум баш задоволен, но сигурно учеството и третото место се голем успех, бидејќи во текот на борбата се здоби со скршеница на раката, не знам точно дали кон крајот на првата рунда или почетокот на втората и морав така да продолжам и беше многу тешко, но сепак се потрудив, издржав и го освоив третото место. Водев во првата рунда, но подоцна не можев поените да ги постигнам само со една рака и бев малку хендикепиран, но нема тука ништо да се вадиме, сепак таков е спортот и мораш да продолжиш и да се бориш. Сакам да изразам голема благодарност до мојот тренер кој ми овозможи да патувам на ваков куп, да се натпреварувам со најдобрите светски борци, со тоа што ми извади спортски пасош и ме упати мојата енергија да ја користам во корисни цели и во правила насока – вели Наковски.

 

Освен кумановскиот, на овој куп учествуваа уште 15 други клубови од државата, кои заедно се вратија со една златна, две сребрени и седум бронзени медали.

 

 

Loading...

Тренерот Сашо Илиевски во Наковски го препозна капацитетот за учество на натпревар во светски рамки и преку федерацијата обезбеди учество на кумановскиот клуб на „Wako“ купот.

Во првото коло при ждребувањето имавме среќа, тој беше слободен, се пласираше директно во полуфинале. Таму се сретна со еден искусен борец од Полска, Каруба во една доста изедначена и храбра борба во која имаше на моменти и предност Филип, се покажа во добро светло, инаку во текот на борбата доби удар каде ја повреди раката поради што не беше во можност до крајот на рундата да изработи како што треба. Јас сум задоволен од резултатот и постигнатото и се надевам исто така на успех и во иднина – вели Илиевски.

 

Претстојниот викенд членови на ММА клубот Куманово ќе се учествуваат турнирот „Вечер на витезите“ на во Бујановац, Србија.

Боите на нашиот клуб ќе ги бранат Бојан Илиќ во категорија до 93 килограми, Милош Велевски во категорија до 70 килограми и Давид Спасовски кој ќе се натпреварува во гранд при дисциплини, требаше исто така да се натпреварува и Игор Крстевски, но едноставно нема среќа, веќе четврти-пети пат ја закажуваме борбата, но мораме да ја откажеме поради повреда на грбо. Исто така да ја искористам приликата да му се заблагодарам на градоначалникот и Општинскиот сојуз на спортови кои помогнаа да го реализираме оваа патување и учество на светски куп, кој беше една светска смотра каде беа соберени најдобрите кик боксери во светот – додава Илиевски.

 

Тренерот Илиевски се надева дека на есен доколку се обезбедат финансии повторно да се организира ММА турнирот „Вечер на гладијатори“ кој минатата година до последно место ја наполни Спорткста сала во Куманово.