Филип Божиновски влезе во суперфиналето на ”Ѕвездите на Гранд” (видео)

Сподели со своите пријатели

На вчерашното издание од втората полуфинална вечер на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, од вкупно десет натпреварувачи, само на шестмина им успеа да влезат во суперфиналето, меѓу кои е и македонскиот натпреварувач, Филип Божиновски.

Loading...

Божиновски во вториот круг ја изведе македонската народна песна „Море сокол пие“ во што му помогна целото жири, а потоа одушеви со акапела изведба при што му се дуплираа гласовите од СМС пораките.

Филип успеа да се пласира за суперфиналето кое ќе се одржи на 12 јули во Скопје.

Македонија ќе има двајца претставници, Филип и Ален Хасановиќ.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.