Филип бил свештеник кој се вљубил во 55 години помладо момче и загубил сè

Сподели со своите пријатели

Поради раскинување со 55 години помладото момче останал без се што стекнал во животот.

Филип Келемнтс (79) ќе жали за денот кога преку интернет го запознал 24-годишниот Флорин Марин. Тој и Флорин се допишувале неколку месеци, а потоа се виделе и венчале. Филипт тогаш ја продал својата куќа во кент за да купи стан во Романија затоа што Флорин таму се преселил засекогаш, а Филип верувал дека таму и ќе почине во прегратката на својот сакан.

Меѓутоа, веќе неколку дена по преселувањето во земјата парот се скарал, а несреќниот Филип завршил на улица.

Под изговор дека спроведува верски ритуал, свештеник 5 години силувал млада девојка

Loading...

Имено, при купување Филип веднаш го препишал станот на Флорин за да момчето биде осигурано ако нему нешто му се случи.

На почетокот на врската им цветале розите, меѓутоа, првите несогласувања започнале веќе во првите неколку денови од бракот. Имено, Флорин постојано одел сам по забави и велел дека тие не се за стари луѓе. Филип, како што рекол за биртанските медиуми, сето тоа го трпел и седел сам во станот во Букурешт додека неговиот сакан се забавувал.

– Се венчавме во април и прекрасно се забавуваме. Одевме постојано во кино, шопинг, ме забавуваше. Заминав во Англија поради некои лекарски прегледи, но кога се вратив во август многу се скаравме. мислев дека е тотално неразумен и сфативме дека за нас нема иднина, рекол Филип кој набргу се вратил во родната Англија каде некогаш служел како свештеник.

Свештеник седум дена се молел и постел, мислел дека има моќи како Исус, па го изеле крокодили

Бидејќи останал без се што стекнал во животот, Филип бил принуден да живее кај роднини и пријатели, но се надева дека ќе се смири со Флорин.

Вели дека повторно се слушнале и дека Флорин одел во Англија за да го посети. Наводно рекол дека му е жал за се што се случило и дека сака да се смиар.

– Јас не сакам развод, а ниту тој не сака некој друг. Знам дека не ме сака назад поради парите, затоа што и онака ги немам. Верувам во втора шанса, општимистично рекол некогашниот свештеник.