Фестивалот на мразот во Кина затворен порано, се стопија фигурите

Сподели со своите пријатели

Скулптурите од мраз и снег кои ги направија скоро 10.000 уметници во градот Харбин, на североистокот на Кина, се стопија поради изненадниот топол бран. Организаторите биле принудени порано од било кога да го затворат најголемиот фестивал во земјата.

Loading...

Зимскиот парк во Харбин, познат по исклучително студеното време, привлече повеќе од милион посетители откако е отворен ан 23 декември минатата година.

Поради најтоплата недела во тоа порачје оваа зима, организаторите биле принудени 10 дена пред рокот да го затворат фестивалот на мразот, пренесува Ројтерс.

Еден од организаторите ркеол дека Фестивалот е затворен од безбедносни причини, затоа што скулптурите започнале да се топат.

Одредени посетители кои резервирале билети за посета на мини реплики на Колосеум и Миланската катедрала се разочарани од раното затворање, поради што изразиле негодување.

– Зошто однапред не не известивте. Резервирав билети за воз и хотел, а вие сега сте затворени, напишал еден турист на популарната кинеска социјална мрежа налик Твитер.

Loading...

Организаторите тврдат дека ќе бидат вратени парите за билети.

Минатата година, зимскиот парк беше затворен на 10 март.

Leave a Reply