Mузичкиот фестивал ”EXIT” кој се одржува во Нови Сад – поточно на Петроварадинската тврдина ја зеде и првата жртва, јавуваат српските медиуми.
При пад од бедемот на Петроварадинската тврдина во близина на ресторан кој се наоѓа на Каменичкиот пат, од страната на ВИП влезот, 20 – годишно момче се лизнало и паднало директно на земја.
Итната помош веднаш пристигнала бидејќи била во близина но за жал само констатирала смрт. –дознава српски Курир.
Бедемот на тврдината од каде паднало момчето е висок 20 метри. Организаторите на Егзит соопштија дека момчето настрадало надвор од оградениот дел на фестивалот.
Во тек е увид на полицијата и се уште не се познати причините за прескокнувањето на таа ограда и другите околности на овој несреќен случај кој се случил на патот покрај Егзит фестивалот, соопштија организаторите
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.