Фејсбук вовдува нова опција со која ќе ви пронајде „сродна душа“

Сподели со своите пријатели

Компанијата Фејсбук најави своја апликација за запознавање која би можела да ја уништи конкуренцијата ако успее да овозможи на корисниците да се сретнат во реалниот живот. Сепак, критичарите веќе се предупредени дека зад идејата на гигантот би можел да се крие надзор.

Се уште не е познато како ќе работи новата апликација. Она што се знае е дека платформата ќе биде во внатрешноста на официјалната апликација, и дека корисниците ќе можат да „отклучуваат“ индивидуални настани или групи за да ги видат потенцијалните поклопувања со партнерите.

– Како и во реалниот живот, што сте поактивни во комуникацијата со заедницата околу вас, ќе имате поголеми шанси да запознаете прекрасни луѓе, најавуваат од компанијата.

Тоа ќе биде чекор кој би можел да донесе успех на апликацијата и потенцијално да ја уништи конкуренцијата. Една од најголемите замерки на апликациите за запознавање се што многумина не можат од допишување да преминат на запознавање во реалноста. На интернет постои и неофицијална математика за тоа колку е тешко да запознаете некого, пишува „Verge“.

Според научниците љубов на прв поглед не постои

Loading...

Тиндер на пример платил на еден пар да се сретнат откако нивната преписка станала вирална. Компанијата дури платила и лет за да се запознаат.

Иако тоа била одлична реклама за платформата, го потврди и реалниот проблем, односно дека корисниците имаат потешкотии да го организираат првиот состанок. Ако апликацијата на Фејсбук биде каква што ја најавуваат би можела да ги охрабри луѓето почесто да се вклучуваат во настаните.

Сепак критичарите предупредуваат дека зад потегот на Фејсбук би можела да се крие нова мерка за надзор.

Британскиот „Гардијан“ објави дека основачот Марк Зукерберг бил зад упадот на сајтот на кампусот на колеџот, при што собрал фотографии од студенти за да го оценуваат изгледот едни на други.

„Гардијан“ предупредува и дека би можело да дојде до ново протекување на информации од компанијата.

Истакнуваат дека за разлика од Тиндер, оваа апликација ќе има информации за секој дел од животот на луѓето.

Leave a Reply