Фејсбук укина профили, страници и групи во неколку земји

Сподели со своите пријатели

Фејсбук отстрани повеќе страници, групи и профили од своите платформи во Обединетите Арапски Емирати, Египет, Нигерија и Индонезија поради, како што е наведено, координирано неавтентично однесување.

Loading...

Отстранети се 280 профили на Фејсбук, 149 страници и 43 групи, како и 121 сметки на Инстаграм.

Од Фејсбук соопштија дека со отстраните профили се прошириле содржини на теми како што се активности на Обединетите Арапски Емирати во Јемен, иранскиот нуклеарен договор и критиките на Катар, Турција и Иран, пренесува Ројтерс.

Компанијата неодамна започна да ги затвора ваквите сметки, откако беше критикувана во последните неколку години за тоа што не развила алатки за борба против екстремистичката содржина и пропагандни активности.

Оваа година Фејсбук отстрани профили во Ирак, Украина, Кина, Русија, Саудиска Арабија, Иран, Тајланд, Хондурас и Израел.

Leave a Reply