Фејсбук овозможи испраќање на сите фотографии во зипуван фајл

Сподели со своите пријатели

После долгогодишното користење на Фејсбук и објавување на фотографии во разни албуми, најверојатно многумина од вас имаат насобрано еден куп слики кои можете да ги прегледате само на вашиот профил.

Loading...

За да ги имате овие фотографии во друг фолдер на вашиот компјутер, досега сите корисници мораа да ги снимаат фотографиите а потоа да ги пренесат на друго место, што сега веќе е решен проблем со најновите измени на сурфањето на Фејсбук.

Имено, Фејсбук го олесни начинот на снимање на албимите со воведување на таква опција прикажана подолу.

Се` што треба да направите е да го одберете саканиот албум од вашиот профил, а потоа да кликнете на опцијата за сетинг каде се отвора опција за преземање на целиот албум.

Зависно од големината на албумот, Фејсбук ќе ве информира кога албумот е спремен за симнување и сите фотографии ќе ви бидат достапни во еден зипуван фајл.