Фејсбук ќе лансира интернет сателити во вселената

Сподели со своите пријатели

Иницијативата на фејсбук Internet.org има мисија да го поврзе светот на Интернет, со фокус на најзафрлените население краеви, земји во развој и места на кои врските не се исплатливи.

За таа цел веќе се обидуваат да развијат беспилотни соларни летала Aquila кои со месеци би можеле да кружат на небото и да служат како емитери на интернет сигнали, но од тој проект неодамна се откажаа. Сега пак, компанијата Фејсбук се осврнува на телекомуникациски сателит со кодно име Athena.

Фејсбук ќе плати казна: Износ на сума која ја заработува за 5,5 минути

Loading...

Се работи за, истражувачки поркет чија цел е во иднина да се лансира цела мрежа интернет сателити во пониската Земјина орбита. Сличен проект, води и SpaceX. Истиот се нарекува Старлинк и исто така сака со сателити да ја покрие целата планета со бежичен интернет.

Фејсбук уште во 2016. година се обидел да лансира еден комуникациски сателит во орбитата преку ракета на SpaceX, но токму таа ракета експлодираше при лансирањето. Од компанијата тогаш потврдија дека со нов проект ја остваруваат истата мисија како и претходно, и дека сакаат да донесат широкопојасен пристап до Интернет во подрачја каде конекцијата моментално е многу лоша или воопшто не постои.

Според актуелните панови првиот сателит би требало да биде лансиран веќе кон почетокот на селдната година.

Leave a Reply